Пресврт – Лукаку пред трансфер во Италија, ама не во Интер!

Голем шок е на повидок на фудбалскиот трансфер пазар во Италија, откако се појави информација дека Ромелу Лукаку од Манчестер јунајтед можеби ќе потпише за италијански клуб, но не за Интер, како што се очекуваше, туку за првакот Јувентус.

Јуве планира да ги продаде Гонзало Игуаин и Моизе Кен, па бара напаѓач, а тоа што се интересира за Белгиецот, веројатно значи дека се откажуваат од Мауро Икарди. Во секој случај, Интер повторно би бил губитникот.

Интер понуди 70 милиони евра за Лукаку, плус 5 како бонус, но Јунајтед го одби ова, бараат 85 милиони, и сега во трката влетува „старата дама“. Предноста на Јувентус е што во Манчестер како замена би го испратил Пауло Дибала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести