Макс Ферстапен од Ред Бул е победник на лудата трка за Големата награда на Германија, а голем добитник е и Себастијан Фетел од Ферари кој после вчерашното разочарување и стартот од последната позиција, хаотичната трка ја заврши на второто место. Подиумот го комплетираше изненадувањето Данил Квјат од Торо Росо.
Силниот дожд кој ја имаше намокрено патеката Хокенхајм, донесе старт каков што посакуваа во Мерцедес, Луис Хамилтон имаше убедливо водство, но променливото време и сушењето и ново влажнење придонесе пилотите да излетуваат, и безброј пати да влезат во бокс. На сите им требаше среќа, добра прогноза на времето и и возачка умешност, па на крај, откако сите влегоа во бокс по пет пати во просек, се радуваше Ферстапен, за кого ова е втора победа годинава.
После подолго време ниту еден пилот на Мерцедес не освои бод.