Во неверојатна ситуација се најде играчот на Арсенал, Мохамед Елнени. Египетскиот репрезентативец реши да прави куќа во родната земја, а работата е прекината откако во објектот било пронајдено мртво тело на непозната личност.
Таткото на фудбалерот, кој ги надгледува работите, повикал полиција, а потоа веднаш започнала истрага за овој случај. Ова е сериозен случај бидејќи во Египет посебно се строги законите и сега треба да се утврди кое е телото и како тоа се нашло таму.
Ова е втор случај во кој се вмешани играчи на Арсенал, а повеќе се вбројува во црна хроника отколку во спорт. Само пред неколку дена, маскирани напаѓачи со ножеви ги нападнаа Сеад Колашинац и Месут Озил, но репрезентативецот на Босна и Херцеговина храбро реагираше и со голи раце тргна да се тепа со напаѓачите, кои избегаа.