Фудбалската треска во Англија почнува денеска

Лутон и Мидлсборо ја отвораат фудбалската сезона во Англија која се чекаше со нетрпение. Второлигашите почнуваат една недела порано од елитниот англиски шампионат, така што овој викенд обложувачите имаат шанса, но пред сè задача да се „загреваат“ за претстојната сезона која не е возбудлива само од фудбалски аспект, туку и од обложувачки.

Првото коло од Чемпионшип лигата официјално стартува со дуелот на погоре споменатите екипи кој е закажан за 20:45 часот. Поголемиот дел од средбите се предвидени за утре, поточно девет натпревари, а истите се достапни за обложување во Sport Life обложувалници, додека по еден меч се играат во недела и во понеделник.

Не треба да се заборави дека во недела има и Комјунити шилд. Англискиот првак Манчестер сити ќе го брани трофејот против вицешампионот Ливерпул, а средбата на „Вембли“ е предвидена за 16 часот.

Прво коло Чемпионшип:

Лутон – Мидлсборо ( 2 август, 20:45ч), Барнсли – Фулам, Блекбурн – Чарлтон, Брентфорд – Бирмингем, Милвол – Престон, Ридинг – Шефилд Вензди, Стоук – КПР, Свонски – Хал сити, Виган – Кардиф сити (3 август, 16ч), Нотингем форест – ВБА (3 август, 18:30ч), Бристол сити – Лидс јунајтед (4 август, 17:30ч.), Хадерсфилд – Дерби сити (5 август, 20:45ч).

- Оглас -

Најнови вести