Атлетико Мадрид со победата од 7:3 против Реал Мадрид во подготвителниот период веќе ја подгреа атмосферата пред стартот на Примера дивисион. Тренерот на Јорганџиите, Диего Симеоне, очигледно не може да го остави Реал Мадрид на раат, па овојпат со зборови го нападна градскиот ривал.
Според Симеоне, во врвниот фудбал има два типа на клубови: Оние кои се со традиција и историја и работат на својата академија и создавање нови играчи од една страна и од друга страна се клубови кои немаат традиција, но и клубови кои едноставно не ја почитуваат својата академија на создавање млади играчи.
„Кога ќе дојдете да бидете тренер во еден клуб, мора да размислувате за историјата на тој клуб. Ако не ја разбирате, тогаш не може ни да успеете. Еве на пример ги имаме Ајакс, Барселона, Јувентус, Атлетико кои имаат свои академии и препознатлив стил на игра. Од друга страна тука се Реал Мадрид и Манчестер сити кои немаат. Реал е еден од најголемите клубови во светот, но не се потпира на својата академија, туку секогаш купува готови играчи за огромна сума на пари. Има и клубови кои немаат историја, туку едноставно се „родени со пари“. Таков е Манчестер сити. Пеп Гвардиола се обидува да направи нешто од тој клуб, но тоа не е голем клуб. Барем не засега“, рече Симеоне.