Ребров: Динамо има добар тим, но не им се плашиме, не се Барселона

Сергеј Ребров одлично го предводи Ференцварош, стана првак со популарниот Фради, но сега ќе ја има најтешката задача досега на планираниот пат до Лигата на шампионите.

Унгарците ќе треба да најдат начин да го надиграат искусниот и квалитетен тим на Динамо Загреб, предводен од капитенот Аријан Адеми.

Популарните „модри“ според сите анализи, имаат поквалитетен состав предводен од капитенот и македонски репрезентативец Адеми, со извонредниот Олмо во средниот ред, потоа и Гаврановиќ, новото засилување Мубанџе, кој е репрезентативец на Швајцарија и уште дузина исклучително добри играчи.

„Динамо има одличен тим, но не им се плашиме. Па не играме против Барселона, иако ги цениме. Имаат квалитет и искуство со многу натпревари во европските купови, но и ние си имаме свои адути“, изјави Ребров.

Тренерот на Ференцварош нема да може да смета на Стефан Спировски, бидејќи македонскиот репрезентативец се уште не е доволно фит по повредата.

И тука, во средниот ред унгарскиот првак е најслаб, се чини дека Спировски би бил добредојден, но нема да игра. Сепак и гостите си имаат свои адути, пред се во офанзивниот дел, што го предводи Ланзафаме. Досега со три гола во квалификациите се истакна и норвешкиот интеранционалец Нгуен, опасен е и Олександар Зубков на крилната позиција, а тука е и искусниот унгарски репрезентативец Ловренчиќ.

Унгарската фудбалска федерација му помогна на Ференцварош и го одложи дуелот со Дебрецин, со цел играчите на шампионот одморни да го почнат двомечот со Динамо.

Првиот меч се игра вечерва на „Максимир“ од 20 часот, а реваншот од полуфиналето во квалификациите за Лигата на шампионите ќе се игра на 13. август во истиот термин.

 

- Оглас -

Најнови вести