Играчот за кој Роналдо призна дека е подобар од него, заврши во затвор

Кога Кристијано Роналдо во 2003 година дојде во Манчестер јунајтед, една од неговите познати изјави беше:  „Мислите дека јас сум добар? Чекајте да го видите кога ќе дојде Фабио Паим“. Оваа изјава на Роналдо од пред 16 години се покажа како целосно промашување.

Роналдо сега зад себе има пет „Златни топки“, освоени сите најзначајни клупски и индивидуални награди, трофеи со Португалија, додека на несудениот талент Паим му се заканува затвор. Неодамна кај Паим биле пронајдени 12 грама кокаин  и сега ќе му се суди на играчот кој сепак не покажа дека е подобар од Роналдо.

Како започна приказната за Паим? Како 15-годишен тинејџер, Фабио покажувал одлични способности, а Роналдо верувал дека тоа е играчот кој ќе блеска во следниот период. Од Манчестер јунајтед се обидоа да го доведат Паим на „Олд Трафорд“, за да биде тандем со Роналдо, но тоа не им успеа.

Челзи го купи талентот и веднаш се создаде еуфорија меѓу навивачите на лондонскиот тим. Очекувањата беа огромни, дресовите се продаваа и сите очекуваа Паим да биде новата ѕвезда. Сепак, Португалецот не се снајде на теренот, па набрзо беше префрлен во вториот тим на Челзи, а потоа и вратен во Португалија.

Ниту во Спортинг веќе не го посакуваа Паим во своите редови, па тој потпиша за третолигашот Торенс. Низ кариерата играше во Малта, Луксембург, Катар, Ангола и вкупно смени 19 клубови, а има само 31 година. Не само што не успеа да се снајде на теренот, туку Паим и во животот не успеа да обезбеди пари за нормална егзистенција. Затоа влегол и во криминални води.

Полцијата сега го уапси со 12 грама кокаин под сомнение дека е лидер на дрога и му се заканува пет години затвор.

 

- Оглас -

Најнови вести