Французите во небрано, останаа без првиот плеј за Мундобаскетот

Француската кошаркарска селекција ќе биде со ослабен ростер на Светското првенство кое ќе се одржи во Кина. Триколорите останаа без првиот плејмејкер Томас Ертел, кој поради повреда на коленото мора да паузира неколку недели.

Ертел се врати во Барселона каде што по деталните медицински прегледи е потврдено дека има оштетувања на тетивата од коленото, па сега селекторот Венсан Коле треба да најде негова замена. Алтернативата би требало да биде новиот член на Фенербахче, Лео Вестерман.

Од ростерот на Франција е отстранет и Матијас Лесор поради повреда, додека со слични проблеми се соочуваат Нандо Де Коло и Аксел Тупан, кои се во трка со времето да закрепнат пред почетокот на Мундобаскетот.

Противници на Франција во групата Г се Германија, Доминиканска Република и Јордан. Мундобаскетот во Кина стартува на 31 август, а ќе се одржува до 15 септември.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести