Бразилецот Данило од вечерва е нов член на Јувентус, а досегашниот прв десен бек на Јуве, Португалецот Жоао Кансело, замина во Манчестер сити, каде досега играше Данило, и тоа најчесто како резерва.
Договорот на 28-годишниот Данило е на пет години, а тој на 25-годишниот Кансело со Сити е на дури шест сезони. Англискиот на италијанскиот првак му плати и 37 милиони евра. Кансело е трета принова во клубот по Родри и Анхелино.