Толку од лојалноста: Што велеше Луиз пред три месеци кога потпиша нов договор со Челзи (видео)

Арсенал беше доста активен во последниот ден од преодниот рок во Премиер лигата, Унаи Емери доби две засилувања во одбраната. Давид Луиз и Киран Тирни се новите Топчии, за двајцата се потрошени околу 33 милиони фунти.

Шкотскиот лев бек цело лето се поврзуваше со трансфер на „Емирати“, но посебно изненади ангажманот на Бразилецот во последните мигови. Луиз иако во мај годинава потпиша нов двегодишен договор со Челзи, вчерашните преговори вродија со плод и одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на лутите ривали.

При продолжување на соработката со Сините, Луиз истакна дека е среќен што и во иднина ќе ги брани боите на шесткраниот англиски првак, и дека го сака клубот. Сепак, и лојалноста има своја цена, па и оваа на Луиз си ја доби својата вредност.

https://twitter.com/DavidLuiz_4/status/1126910155973693440

Но, иако се градски ривали, Арсенал и Челзи и во блиско минато соработувале при директни трансфери во двата правци. Пред Лузи тоа го стори Оливие Жиру, Петр Чех, Ешли Кол, Вилијам Гала, Ласана Диара, Јоси Бенајун.

- Оглас -

Најнови вести