Нови промени во ростерот на САД

Грег Попович повика двајца нови играчи во ростерот на САД во пресрет на Светското првенство кое ќе се одржи во Кина. Предводникот на Сан Антонио ги прецрта Тадеус Јанг и Бем Адебајо, па на нивно место го повика талентираниот Марвин Бегли (Сакраменто) и Дерик Вајт (Сан Антонио).

Новите членови на американската селекција немаат некое посебно искуство, но Попович смета дека ќе бидат од корист и ќе добијат прилика да ги оправдаат очекувањата.

Бројните откажувања на најголемите ѕвезди од НБА лигата направија голема штета во редовите на светскиот првак, па затоа Попович работи со играчи кои му се на располагање.

Мундобаскетот стартува на 31 август, а САД е во група со Турција, Јапонија и Чешка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести