Елиф Елмас повторно е стартер против Барселона

Екипите на Наполи и Барселона во овие моменти во Детроит го почнаа вториот пријателски натпревар, а исто како и завчера, во стартните 11-мина во италијанскиот тим се најде Македонецот Елиф Елмас.

Тренерот Карло Анчелоти покажува дека има доверба во младиот Елмас, а денеска во почетниот состав на Наполи е и Бразилецот Алан, за кого се зборуваше дека ќе биде во првиот тим, а Елиф негова резерва. Веројатно Анчелоти сака да провери како би изгледал средниот ред со Алан и Елмас, дали тимот може да функционира со нив двајца на терен, и можно е Елмас да добие поинаква улога во тимот (малку поофанзивна) отколку на првиот меч против Барса кога играше како последен играч за врска.

- Оглас -

Најнови вести