Со Елмас на терен, Барселона немаше предност против Наполи во двата меча

Елиф Елмас одигра уште еден солиден меч против шпанскиот првак Барселона. Македонскиот репрезентативец по втор пат за само три дена беше стартер во дресот на Наполи на дуел против каталонскиот гигант на контролен меч во САД. Елмас вечерва играше само во првото полувреме, а потоа беше заменет.

Резултатот по првите 45 минути беше 0:0, a откако Елмас излезе од игра, Барселона во второто полувреме за само 10-тина минути даде три гола за предност од 3:0.

Интересно е што и на првиот меч меѓу овие два тима, додека Елмас беше на теренот, Наполи беше рамноправен ривал. На првата средба Елмас играше до 58 минута, а до тој момент резултатот беше 1:1. По излегувањето на Елмас, Барселона даде гол за победа од 2:1.

Елмас едноставно во овие два меча со Барселона го покажа целиот свој талент.

 

- Оглас -

Најнови вести