Дербито во Манчестер ќе биде атрактивно, Арсенал ќе се радува на „Сент Џејмс парк“

Манчестер јунајтед – Челзи (17:30ч – Премиер лига, прво коло)

Се очекува ѓаволски добро дерби на „Олд трафорд“. Манчестер јунајтед го пречекува Челзи во меч во кој двете екипи посакуваат позитивен старт на сезоната. Успешните претсезонски подготовки најавуваат дека избраниците на Солскјер и Лампард ќе приредат атрактивен спектакл во кој се очекуваат и погодоци.

Ривалите на кои им се предвидува битка за топ 4 местата оваа сезона, имаат долга историја меѓу нив, се паметат голем број на драматични средби со непредвидлив крај, а ништо помалку не се очекува и денес. Тимот од Лондон ќе има многу потешка задача од Црвените ѓаволи, треба да стават крај на низата неуспешни резултати која трае од 2013 година, додека Јунајтед има намера да остане непоразен и во седмиот последователен дуел против Сините на домашен терен. (За овој меч подетално прочитајте на следниот ЛИНК.)

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (2.15)

 

Њукасл  – Арсенал (15ч – Премиер лига, прво коло)

Заминувањето на Рафа Бенитес од кормилото може да биде кобно за Њукасл оваа сезона. На стартот наидоа на исклучително тежок противник кој значајно се засили во текот на летото и има многу поголеми амбиции од лани. Емери во втората сезона на чело на Арсенал има намера да го врати тимот меѓу најконкурентните, а со победа на „Сент Џејмс парк“ тој план може многу полесно да се оствари.

Доаѓањето на Пепе, е дополнителен проблем за дефанзивците против напаѓачката линија во која се Обамејанг и Лаказет. Топчитее се охрабрени во пресрет на овој меч бидејќи имаат одличен учинок против Њукасл. Ако се земат во предвид последните 13 првенствени дуели, тимот од „Емирати“ во 12 наврати бил победник, последната радост на Њукасл беше во април 2018.

Предлог тип: X2 & 2-4 (2.0)

 

Лестер сити – Вулверхемптон (15ч – Премиер лига)

Дуелите на Лестер и Вулвс често се украсени со голови. Овие екипи немаат ништо против да ги полнат мрежите на противниците кога им се укажува шанса, а според квалитетот на составите се очекува да бидат трн во око за тимовите кои целат на висок пласман сезонава.

Лисиците не паметат пораз на домашен терен против Вулверхемптон од 2007 година, а тој меч е еден од низата во кои се постигнале барем три гола во меѓусебните пресметки. Се памети и минатосезонската драма на „Молињу“ која заврши со 4-3 во корист на Волците.

Предлог тип: ГГ 3+ (2.50)

 

Пари Сен Жермен – Ним (21ч – Лига 1, прво коло)

Македонскиот интернационалец Влатко Стојановски има убава прилика да дебитира во француското првенство на гостување кај актуелниот шампион. Но, Светците без Нејмар планираат почеток на одбрана на титулата без грешка, така што тимот на Томас Тухел може да му го расипе дебито на Стојановски.

ПСЖ претрпе еден пораз во претсезонските подготовки и тоа на пенали од Интер, а против Рен во Суперкупот се виде желбата на Мбапе повторно да гази сè пред себе, како минатата сезона, а тоа не се добри вести за гостите. Светците досега трипати се сретнале со Ним, и во сите три меча триумфирале со три или повеќе постигнати гола.

Предлог тип: Т1 2+ & ГГ (2.30)

 

Лил – Нант (15ч – Лига 1, прво коло)

Данските доги летово останаа без неколку клучни играчи кои минатата сезона беа најзаслужни за освојувањето на второто место во шампионатот и пласманот во ЛШ. Си замина најдобриот голгетер Николас Пепе, но Лил се надева дека и без него ќе најде начин како да ги тресе мрежите на противниците.

Во првото коло им гостува тимот на Нант, против кои одржуваат позитивен учинок во изминативе четири години. Вицепрвакот брои пет победи од последните седум меѓусебни средби во првенството, а во две освоиле по бод. Лил минатата сезона беше тре најефикасен тим во Франција, а од вкупно 68 гола дури 42 постигнаа на домашен терен, што не оди во прилог на Нант.

Предлог тип: 1 & T1 2+ (2.80)

- Оглас -

Најнови вести