Лукаку даде четири гола во првиот меч за Интер!

Ромелу Лукаку пред неколку дена пристигна во Интер како големо засилување. Белгискиот репрезентативец дојде од Манчестер јунајтед за сума од 75 милиони евра, што е трет најскап трансфер во историјата на Серија А.

Денеска, Лукаку го одигра првиот меч во дресот на Интер и тоа против носколигашот Виртус Бергамо. Очекувано, Интер победи убедливо, со 8:0, а Лукаку немаше милост кон противниците. Новиот голгетер на Нераѕурите даде четири гола. По два пати во листата на стрелци се запишаа Вечино и Еспозито.

На овој меч, за Интер настапија играчи кои не беа дел или одиграа само неколку минути на дуелот против Валенсија, како и фудбалери од младинскиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести