Кадетите како најдобри скокачи на ЕП ќе играат осминафинале со Русија

Победата од 64-53 над врсниците од Летонија, за македонската кошаркарска репрезентација за играчи до 16 години значеше освојување на третото место во групата и осминафинално вкрстување со Русија, која беше втора во својата група, во која Русите имаа еднаков број бодови со првата Италија и третата Хрватска. Русија имаше 2-1, а Македонија 1-2.

Осминафиналниот натпревар кој се игра утре во Удине е многу значаен бидејќи ја одредува судбината дали ќе играте за титула или за опстанок. Победа значи влез меѓу осумте најдобри, што би бил огромен успех, и четврт-финале со Турција или БиХ, а пораз носи разигрување за 9-16 место и битка за да се избегне испаѓање во Дивизија Б.

Нашите кадети по првите кола се наметнаа со скок-играта и имаат повеќе скокови од која било друга европска селекција. Русите беа втори по бројот на асистенции и овој меч кој се игра утре попладне ќе биде многу интересен. Македонија тесно загуби од Шпанија и особено од Израел против кој испуштивме победа, па можеби против Русите среќата ќе биде на страната на избраниците на Денис Дервишевиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести