Новите „бебиња“ од Манчестер ја стресоа Премиер лигата

Со мерак се чекаше стартот на најатрактивното првенство во светот Премиер лигата, а првото коло донесе големо дерби меѓу Манчестер јунајтед и Челзи. Откако од клупата на Манчестер јунајтед си замина легендарниот Сер Алекс Фергусон, фановите на „Олд Трафорд“ заборавија што значи шампионска радост.

Во ланската сезона Црвените ѓаволи не само што беа далеку од титулата, туку играа толку очајно што веќе не ги гледаме во Лигата на шампионите туку во Лигата на Европа. Дали сезонава може да се види светло на крајот од тунелот за најтрофејниот клуб во Англија?

ЧЕЛЗИ ВАКОВ СРАМ НА „ОЛД ТРАФОРД“ НЕМАЛ ПОВЕЌЕ ОД ПОЛА ВЕК

Вчера на „Театарот на соништата“, Манчестер одигра како во најдобрите денови. Дури ни најстарите фанови на Манчестер тешко дека се сеќаваат кога последен пат се радувале против Челзи со 4:0 во првенствен меч од елитното англиско првенство.

Тоа било во март 1965 година, кога на клупата бил легендарниот Мет Бизби. Тоа е генерацијата на Бизбиевите бебиња, оние играчи кои го кренаа клубот по авионската трагедија која се случи во 1958 година.

Сега, 54 години по таа победа од 4:0, фановите на „Олд Трафорд“ повторно се радуваа на толку убедлив триумф. Бебињата на Бизби од пред половина век како повторно да оживеаја на теренот. Манчестер во првото коло го имаше најмладиот стартен состав од сите 20 екипи во Премиер лигата. Просечната возраст беше 24 години и 227 денови. Овој тим едноставно може да бидат новите „бебиња“ на Манчестер.

АКО САКАТЕ ДОБИТЕН ТИКЕТ, СЕ ЗНАЕ КОИ ЕКИПИ ТРЕБА ДА ГИ ИГРАТЕ

Ако убедливата победа на Манчестер беше изненадување, тогаш првото коло во Премиер лигата донесе и нешто што сосема се очекуваше. Фаворитите си победија и освоија три бода на стартот. Од топ 6 екипите, ако се изземат Манчестер и Челзи кои играа меѓусебе, останатите четири клуба си победија.

Шампионот Сити немаше милост и славеше со 5:0 против Вест хем, Ливерпул му даде четири гола за едно полувреме на Норвич, а на Арсенал му беше доволен еден гол за да победи кај Њукасл. Единствено Тотенхем се помачи. На полувремето губеше од Астон вила, но на крајот се радуваше. А и што можеше да се очекува на овој меч, кога за гостите од Бирмингам во составот беше Џек Грилиш – човекот кој е магнет за порази. Грилиш со овој пораз стана рекордер бидејќи ги загуби последните 19 меча на коишто играл во Премиер лигата. Едноставно, тоа е малер.

За сите мераклии за обложувањето, еден совет: играјте си ги фаворитите во Англија и ќе имате добитен тикет. Сити лани заврши со 32 победи, Ливерпул со 30, Тотенхем со 23, Арсенал и Челзи со по 21, а Манчестер јунајтед со 19 победи… Нема многу филозофии, добивките се пред вас, само треба да ги зграбите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести