Полноќниот експрес задоцни за 180 секунди на патот кон добитен тикет

Полноќниот експрес задоцни за 180 секунди на патот до добитен тикет со коефициент малку поголем од 43.

Во последното издание на нашата редовна содржина, во која анализираме пет натпревари од различни спортови во полноќните термини со предлог-типови, не ја погодивме само прогнозата ГГ прво полувреме на мечот меѓу ДЦ јунајтед и Лос Анџелес галакси.

Јунајтед поведе со прецизниот удар на Ариола во 28. минута и фалеше само израмнувачки гол во мрежата на Хамид до крајот на првиот дел. Гостите не успеаја да постигнат гол во првите 45 минути за комплетен погодок на Полноќен експрес, а израмнија веднаш на стартот од второто полувреме со голот на Алварес во 48. минута.

Сите останати 4 дуели се погодени, што значи фалеше малку среќа и погодок во првото полувреме на Златан Ибрахимовиќ, или на некој од неговите соиграчи за да имаме добитен тикет.

 

 

- Оглас -

Најнови вести