Во Јуве прават како што ќе им каже Роналдо

Кристијано Роналдо е клучен човек во трансферите на Јувентус ова лето. Кога тој ќе каже дека сака некој да биде донесен или дека некој треба да биде продаден бидејќи не се разбираат најдобро на теренот, управата му ги исполнува желбите.

Додека играше за Реал Мадрид, Кристијано преферираше да биде во тандем со Карим Бензема, па клубот го продаде Гонзало Игуаин, а така ќе биде и во Јуве. Игуаин нема иднина таму и речиси сигурно ќе го продадат, а ќе биде донесен Мауро Икарди, со кого се подготвува петгодишен договор.

Роналдо дал зелено светло за трансфер на Икарди, а кога тој ќе одобри, работата може да се смета за завршена. Роналдо со насмевка и неколку зборови го привлече талентираниот дефанзивец Матајс де Лихт во Јуве. Од друга страна, освен Игуаин, уште еден Аргентинец не може да се изнаигра во Јуве покрај Роналдо, а тоа е Пауло Дибала. Се чини дека Дибала ќе заврши во ПСЖ.

 

- Оглас -

Најнови вести