Н’голо Канте, играчот за врска на Челзи, се здоби со нова повреда поради која може да го пропушти утрешниот дуел против Ливерпул во европскиот Суперкуп. Французинот беше надвор од терените во поголемиот дел од летните подготовки поради повреда на коленото, а сега му се заканува ново отсуство.
Канте влезе во вториот дел од дербито меѓу Манчестер јунајтед и Челзи, кое гостите од Лондон го загубија со убедливи 4-0, а по мечот се пожалил на болка на клупските лекари. Менаџерот Френк Лампард потврди дека дури утре ќе одлучи дали ќе го вметне Канте во составот.
Англичанецот исто така посочи дека Вилијан и Рудигер им се приклучиле на останатите соиграчи и деак ќе бидат во конкуренција за настап против Црвените во Истанбул.