Европскиот првак Ливерпул, изненадувачки, средбата со Челзи од европскиот Суперкуп ќе ја почне без главниот централен напаѓач, Бразилецот Роберто Фирмино. Неговото место ќе го заземе Мохамед Салах, а на крило, каде обично игра Египќанецот, стартер е Окслејд-Чемберлен. Во првиот тим го нема и Трент Александер-Арнолд, кој е прва опција на десната бековска позиција. Од оправдани причини, поради повреда, на голот не е Алисон Бекер.
Тренерот Јирген Клоп го изостави Фирмино од првите 11, па Црвените, кои се европски прваци, ќе тргнат со: Адријан, Гомес, Матип, Ван Дајк, Робертсон, Фабињо, Милнер, Хендерсон, Окслејд-Чемберлен, Мане и Салах како шпиц.
Освојувачот на Лигата на Европа, лондонските Сини, дуелот со Истанбул го почнуваат со следните 11 фудбалери: Кепа, Аспиликуета, Зума, Емерсон, Жоржињо, Ковачиќ, Пулишиќ, Канте, Педро, и Жиру.