Челзи поведе со 1-0 во европскиот Суперкуп против Ливерпул. Стрелец на голот е Оливие Жиру, кој претходно утна една шанса, но не погреши и по вторпат. Тој го совлада дебитантот на голот на Ливерпул, Адријан, по убава акција на Канте и Пулишиќ. Ова се случи во 36-тата минута. Две минути подоцна, одбраната на Црвените повторно потклекна, но голот на Американецот Пулишиќ беше поништен поради офсајд.
За Жиру ова е 12-ти гол на последните 13 европски настапи. Во Европа му оди подобро отколку во Премиер лигата. Во англиската лига тој има само 7 гола во дресот на Челзи.
https://twitter.com/i/status/1161723846761897984