Динамо покажа како се прават трансфери – Олмо ќе игра за Ајакс, за хрватскиот првак 22 милиони евра

Динамо Загреб сепак не успеа да се одбрани од налетите на европските гиганти и го продава Дани Олмо во Ајакс за сума од 22 милиони евра.

Младиот шпански репрезентативец и актуелен европски првак со „црвената фурија“ за играчи до 21 година се сели во Амстердам за сума од 22 милиони евра, што е само за еден милион помалку од рекордниот трансфер во клупската историја на популарните „модри“.

Динамо уште еднаш покажа како се работи одлично со трансферите и во балкански услови и вметна во договорот со Ајакс и процент од следната продажба на Олмо и тоа висок, од цели 40 проценти, кои ќе одат на сметката на хрватскиот шампион, ако „копјаниците“ го продадат Олмо во иднина.

И што е најслатко за Динамо, го купија Олмо за нецели милион евра од Барселона во трансфер во 2014 година. Рекорден трансфер на актуелниот хрватски клуб е продажбата на Марко Пјаца на Јувентус за 23 милиони во јули 2016 година.

Клубот од Максимир има дузина екстра вредни продажби на играчи во новиот милениум во кој апсолутно доминира во хрватскиот фудбал. Ги продаваа редум одличните Чорлука, Едуардо, Модриќ, Манџукиќ, Чориќ, Пјаца, Рог, Ловрен и уште неколку исклучително добри и познати играчи на светската сцена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести