Во малата сала од СЦ „Јане Сандански” утре (понеделник) во 12 часот екипата на Вардар ќе игра ќе одигра контролна средба со Еурофарм Работник, и тоа ќе биде нова шанса за „црвено-црните” за воигрување пред заминувањето за Саудиска Арабија. Влезот е слободен.
Пријателски натпревар вардарци ќе одиграат и со АЕК, но истиот ќе биде од затворен тип. Грчкиот тим го освои турнирот во Струга што се играше претходнава недела. Еурофарм Работник го освои второто место на турнирот во Струга во саботата, а заминуваат веднаш на нов турнир во Добој.
Битолскиот тим заедно со Вардар ќе играат во СЕХА Гаспром лигата и во ЕХФ Лигата на шампионите. Вардар следната недела заминува за Саудиска Арабија на Супер Глоуб, познат како неофицијално светско клупско првенство.