Љорис е „тапа“ голман за бранење пенали

Пенал против Франција значи постигнат гол ако мрежата на „триколорите“ ја чува искусниот Уго Љорис. Голот кој го постигна Тони Крос на синоќешниот натпревар помеѓу Франција и Германија беше 12-тиот пенал по ред кој играчите го претвораат во гол кога меѓу стативите е Уго Љорис.

Иако е прв голман на репрезентацијата светски првак, Љорис има и една слаба точка, а тоа му се пеналите. Едноставно, човекот не може да одбрани удар од 11 метри. Од последните 12 пенали кои беа досудени против Франција, Љорис нема одбрането ниту еден шут.

За среќа на Љорис, голот што го прими од пенал не беше решавачки, бидејќи во второто полувреме Антоан Гриезман даде два гола за пресврт. Со тоа, продолжи серијата натпревари кои Франција не ги губи, иако имала негатива од 0-1. Откако на клупата е селекторот Дидие Дешамп, Франција четири пати губела со 0-1, но никогаш не загубила, има по две победи и нерешени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести