Челзи издвои само реми против Лестер во мечот од второто коло во Премиер лигата. Сините не успеаја да му го разубават враќањето на Френк Лампард на „Стемфорд бриџ“, стадионот кој му беше „дом“ на сегашниот предводник цели 13 години.
Домаќините одлично го започнаа мечот и по само седум минути го совладаа Шмајхел. Ндиди загуби посед на топката во опасната зона, а Маунт ја искористи ситуацијата и донесе предност за Челзи. Нигериецот се исправи за грешката во вториот дел, откако беше највисок во скокот по еден корнер на Лестер, и ја смести топката зад грбот на Кепа.
Двете екипи и натаму се без победа во англискиот шампионат. Челзи од претходното коло памети дебакл од Манчестер ј. од 4-0, додека за Лестер ова е второ реми.
https://twitter.com/STREQM1/status/1163114018141347842
https://www.youtube.com/watch?v=tLacYNHnidE