Монако потпиша со поранешен соиграч на Елмас

Ислам Слимани, rепрезентативецот на Алжир, кариерата ја продолжува во редовите на Монако, каде што пристигна на едногодишна позајмица од Лестер. Искусниот голгетер кој минатата сезона ја делеше соблекувалната со македонскиот „бисер“ Елиф Елмас во Фенербахче, за првпат ќе заигра во француското првенство, а Лестер веќе трета година по ред му овозможува привремен трансфер, откако претходно играше и за Њукасл.

Алжирецот уште викендов може да дебитира во дресот на Кнезовите, и тоа против тимот на Влатко Стојановски, Македонецот кој од ова лето е член на Ним.

https://twitter.com/as_monaco/status/1164123264425365509?s=21

- Оглас -

Најнови вести