И Реал доби едно големо „НЕ“ од ПСЖ

Понудата не е доволна – гласи одговорот на ПСЖ по обидот на Реал Мадрид да добие зелено светло за да преговара со Нејмар. Францускиот првак веќе два дена одбива конкретни понуди од шпанските гиганти, а денес и Кралевите дознаа дека 100 милиони евра, плус Бејл, Навас и Хамес не е доволно за ПСЖ да се ослободи од Бразилецот.

Барселона исто така доби негативер одговор само еден ден порано – позајмица, па откуп догодина не доаѓа предвид. Од претходно е познато дека и Јувентус се обиде да започне преговори нудејќи 100 милиони евра и Пауло Дибала во пакет, на што Каталонците останаа неми.

Јасно е што бара ПСЖ. Да ги врати вложените средства од пред две сезони, кога плати рекордни 222 милиони евра за Нејмар. Овие обиди нема да бидат последни, тоа е сигурно, се очекува нов атак од страна на Реал, Јуве и Барса, а не треба да се исклучи и сценариото во кое Нејмар ќе остане во Париз и оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести