Јувентус нуди 100 милиони евра и Дибала за Нејмар!

Може ли во случајот Нејмар да се случи двајца (Реал Мадрид и Барселона) се караат, третиот (Јувентус) користи? Според шпекулациите кои доаѓаат од Бразил, наводно Јувентус на парижаните им го понудил Пауло Дибала, за кого се знае дека го сакаат ако останат без Нејмар, и плус 100 милиони евра.

Ако ова е вистина, тогаш ПСЖ сигурно добро ќе размисли и можеби ќе прифати, а можеби и ќе чека до последниот ден на преодниот рок пред да пресече дали да го продаде незадоволниот Нејмар во Јуве, Реал или Барса.

Проблем за Јуве е финансискиот ферплеј и високата сума која ја дава за плати на Кристијано Роналдо и Матајс де Лихт. Но, доколку шпанските гиганти продолжат да тактизираат и да се надмудруваат, тогаш не треба да биде изненадување ако Нејмар заврши во Јуве. Нему му е најважно да си замине од ПСЖ, би играл каде било ако му понудат голема плата.

- Оглас -

Најнови вести