Австралија ја прекина волшебната серија на популарниот Дрим-тим на САД од 13 години без пораз и со победа од 98:94 најави дека максимално подготвени го чекаат стартот на Светското првенство во Кина.
Пети Милс беше незадржлив кај домаќините и постигна 30 поени, а интересно е што селекторот Грег Попович не успеа да најде чаре како да го сопре својот играч од Сан Антонио.
Мечот беше од пријателски карактер, а се одигра пред рекорден број гледачи, 52.079 на „Марвел“ стадионот.
Ова е и историска победа за Австралија, селекција која за првпат во долгата 55-годишна традиција на меѓусебни дуели со САД за првпат ја порази најтрофејната кошаркарска нација. Досега одиграа 27 меча меѓусебе, а со овој пораз Американците ја прекинаа серијата од 78 победи по ред.