Францускиот првак Пари Сен Жермен се соочува со сериозен проблем и тоа уште на стартот од сезоната. Светците останаа без класичен напаѓач од врвна класа. Килјан Мбапе и Едисон Кавани се повредени, а Нејмар воопшто веќе не планира да игра за ПСЖ и сака да се врати во Барселона.
Во една таква ситуација, челниците на францускиот првак се во ситуација да мора да најдат нов напаѓач. Изборот падна на Марио Манџукиќ. Искусниот хрватски голгетер веќе не е прва опција во Јувентус, па цело лето се шпекулира за негово заминување од Торино.
Најавите беа дека 33-годишниот Манџукиќ ќе се врати во Баерн Минхен, но откако таа опција пропадна, сега шпекулациите се дека Марио може да биде корисен во ПСЖ, посебно во оваа ситуација во која нема вистински голгетер кај францускиот тим.