Абрахам од Челзи направи нешто што никогаш не е видено во Премиер лигата

Тами Абрахам е играчот кој го одбележа досегашниот дел од петото коло во англиската Премиер лига. Голгетерот на Челзи е најзаслужен за триумфот на лондонскиот тим на гости кај Вулверхемптон со 5:2. Абрахам даде три гола, а потоа си даде и автогол. Досега никогаш во Премиер лигата не се случило еден фудбалер на еден меч да даде хет-трик, а потоа да си даде и автогол. Едноставно Абрахам денеска влезе во историјата на англискиот фудбал.

Со 21 година и 347 денови, Абрахам стана најмладиот играч на Челзи кој дал хет-трик во Премиер лигата. Освен на овој меч, тој блескаше и на претходните два дуели, па младинскиот репрезентативец може да се пофали дека израмни и едно постигнување на Кристијано Роналдо.

По три кола пауза, конечно победи и Манчестер јунајтед. Маркус Рашфорд даде гол од пенал уште во 8 минута и тоа на крајот се покажа како доволно за триумф над Лестер. Во останатите мечеви: Тотенхем – Кристал Палас 4:0, Шефилд јунајтед – Саутемптон 0:1, Брајтон – Барнли. Перфектниот старт во првенството го продолжи Ливерпул, кој со 3:1 го победи Њукасл.

 

- Оглас -

Најнови вести