Абрамович одбил понуда за 250 милиони евра да го купи 6-кратниот шпански првак

Сопственикот на Валенсија, Петер Лим, му понудил продажба на шпанскиот гигант на Роман Абрамович на преговори во Лондон, но бил одбиен, објави поранешниот потпретседател на шесткратниот шпански првак, Мигел Зорио.

Лим преговарал со Абрамович и му понудил за сума од 250 милиони евра да ја купи Валенсија, но планот не успеал.

Зорио, кој е еден од лидерите на опозцијата во Валенсија, најави прес-конференција на 27 април и најави две можни опции за Лим. Или да го продаде клубот, или да надоместува по 50 милиони евра со инвестиции во клубот, кој според Зорио, може да загуби дури 100 милиони евра од вредноста на клубот, кој двапати беше европски вицешампион.

Со Лим како сопственик од 2014 година, Валенсија има само еден пехар, тој во шпанскиот куп во сезоната 2018/19.

Претходно популарните Лилјаци двапати играа во финалето во Лигата на шампионите, имаат и шест титули во Шпанија, 7 пехари во Копа дел Реј пред Лим да стане сопственик и победуваа по еднаш во УЕФА купот, Купот на победниците на куповите и во Интертото купот.

 

- Оглас -

Најнови вести