Реал Мадрид го чека тежок меч во Шпанија, а Анчелоти има јасна цел

Реал Мадрид има дури 11 бода повеќе од Барселона и Кралскиот клуб е на прагот од освојување на титулата во Примера дивисион. Во последните шест кола Реал треба да освои само седум бода за да може и официјално да се промовира во нов шпански првак.

Кралскиот клуб утревечер ќе гостува кај Реал Сосиедад, а тренерот Карло Анчелоти знае дека нема да биде лесно да се стигне до целиот плен.

„Целта е јасна, а тоа е да се освои првенството. Мораме тоа да го направиме што е можно порано. Мечот ќе биде комплициран, како што секогаш е кога играме против Сосиедад. Ќе се обидеме да дадеме сè од себе и да победиме“, рече Анчелоти.

Искусниот стратег открива дека има проблеми околу составот за овој дуел.

„Белингам има проблеми со желудникот, А Родриго има грип. Менди нема да патува“, додава Анчелоти, кој беше запрашан дали Винисиус или Белингам повеќе ја заслужуваат Златната топка. „Јас на двајцата би им ја дал Златната топка“, категоричен е Анчелоти.

- Оглас -

Најнови вести