Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми е првиот стрелец за Динамо Загреб по продолжувањето на сезоната во хрватското првенство. Капитенот на Модрите погоди за 1-0 во 13-тата минута на гостувањето кај Вараждин и го најави триумфот за фаворитот.
Гостите доминираа пред противничкиот гол, а Адеми успеа да им избега на дефанзивците откако го проиграа во шестнаесетникот, па како првокласен голгетер ја протна топката низ нозете на голманот и ја затресе мрежата.
За двојно водство од 2-0 стрелаше Петковиќ од пенал во 18-тата минута, Обрегон намали на 2-1 во 80-тата минута пред Марин да ги постави конечните 3-1 во судиското надополнување во корист на Динамо.
https://www.youtube.com/watch?v=NYucKI6SWbQ