Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, ја одржа редовната прес-конференција пред мечот против Алавес. Кралевите имаат девет бода заостанување во однос на вечниот ривал Барселона и тешко дека ќе може да дојдат до трофејот од Ла Лига.
На прес-конференцијата се зборуваше на многу теми, а тренерот на Реал Мадрид направи споредба со трофеите кои ги освои клубот во Лигата на шампионите и оние во Ла Лигата.
„Во последните 20 години Реал има седум титули во Шпанија, колкупати ја освоил Лигата на шампионите? Секогаш може да се најде објаснување. Очигледно е дека имаме простор за напредок во првенството. Во последните месеци игравме подобро против силни противници отколку против послабите. Имаме многу што да подобриме. Понекогаш изгледа дека за Реал е полесно да ја освои Лигата на шампионите отколку Ла Лигата“, рече тој, алудирајќи и на судиските одлуки.

