„Аферата торта“ го тресе тенискиот Мастерс во Мадрид

Арина Сабаленка и Карлос Алкарас вчера славеа роденден, а двајцата се и финалисти на Мастерсот во Мадрид, па организаторите им направија изненадување, им подарија торта. Но, подобро да не го направеа тоа.

Гласни се негативните реакции по социјалните мрежи, затоа што Сабаленка доби обична торта, а Алкарас голема на два ката и голема тениска топка на врвот. Дали дека е Шпанец или дека е маж, Алкарас доби многу поголема торта, со што се потврди дека нема рамноправност меѓу половите и ист третман.

- Оглас -

Најнови вести