Африкански гиганти ги демнат Реал и Фламенго за да го расипат очекуваното финале

Реал Мадрид и Фламенго се големи фаворит за титулата на Светското клупско првенство што ќе го организира Мароко од 1 до 11 февруари, а според ждрепката, малку потежок пат до завршницата ќе имаат Бразилците.

Фламенго во очекувано полуфинале би требало да игра со африканскиот и марокански гигант Видад Казабланка, клуб што е рекордер на својата земја со 22 титули, а има фанатични навивачи и ќе игра на свој терен.

Претходно Мароканците ќе треба да го победат Ал-Хилал од Саудиска Арабија.

Реал Мадрид би играл полуфинале со Сиетл саундерс или со Ал-Ахли ако гигантот од Египет успее да ги елиминира Американците, но и претходно и Оукленд сити од Нов Зеланд.

Турнирот ќе почне на 1 февруари со меч од претколото меѓу Ал-Ахли и Оукленд, а четвртфиналињата се на распоред на 4 февруари и ќе играат:

Сиетл против Ал-Ахли/Оукленд и Видад Казабланка со Ал-Хилал.

Полуфиналните дуели се закажани за 7 и 8 февруари.

Првиот ден Фламенго ќе игра против победникот од дуелот Видад Казабланка и Ал-Хилал, а на 8 февруари Реал Мадрид за противник ќе го има Сиетл соундерс – Ал-Ахли/Оукленд сити.

Финалето е закажано за 11 февруари, а Реал Мадрид ќе се обиде да стигне до рекордната петта титула според овој формат.

Барселона има три пехари, а Коринтијанс и Баерн по два, со напомена дека во 11 изданија само европски и јужноамерикански екипи ја освојувале титулата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести