Агентите на Гундоган се веќе на „Етихад“

Барселона сака да го продаде Илкај Гундоган, кој се смета за вишок по доаѓањето на Дани Олмо. Според извештаите од англиските медиуми, постои голема можност Гундоган да се врати во Манчестер сити, клубот со којшто ги освои сите големи трофеи.

Гундоган, кој вчера се прости од репрезентацијата на Германија, играше за Манчестер сити од 2016 до 2023 година, при што одигра 304 натпревари, постигна 60 гола и забележа 38 асистенции. Со клубот освои пет титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите и вкупно 14 трофеи.


Гундоган за Барселона одигра 51 натпревар, постигна осум гола и забележа 14 асистенции.


Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, веќе дал дозвола Гундоган да се врати во клубот, а разговорите за неговото враќање започнале вчера. Агентите на германскиот интернационалец се веќе на „Етихад“ и ги договараат деталите за негов камбек.


Одлуката треба да ја донесе самиот играч, а понуди има и од Катар и од Саудиска Арабија.

- Оглас -

Најнови вести