Агентот Мино Рајола погребан во Монте Карло, неговите клиенти скршени од болка

Веста за смртта на агентот Мино Рајола го шокира фудбалскиот свет, а најмногу неговите клиенти, меѓу кои има и суперѕвезди како Халанд, Ибрахимовиќ, Погба, Донарума…

Рајола имаше 54 години, а денеска беше погребан во црквата „Сен Шарл“ во Монте Карло. На церемонијата присуствуваа многу фудбалери и фудбалски работници.

Летово требаше да биде плодно за Рајола бидејќи чекаше богата заработка од трансферите на Халанд и Погба.

Тој беше роден во Италија, но како бебе се преселил во Холандија со семејството, а повеќе години живееше во Монте Карло. Почина на 30 април во Милано по долга битка со болеста.

На погребот беше и Марко Верати, кој не беше клиент на Рајола, а еден од најблиските пријатели му беше Ибрахимовиќ, па затоа и Швеѓанецот бил еден од најтажните.

- Оглас -

Најнови вести