Џанлуиџи Донарума имаше фантастична сезона во ПСЖ и беше еден од клучните фудбалери во освојувањето на четирите трофеи, а тоа пред се се однесува на трофејот од Лигата на шампионите.
Договорот со „светците“ му истекува следното лето, па веднаш се појавија шпекулации дека тој ќе се врати во Серија А, од каде има интерес од двете најдобри екипи, Наполи и Интер.
„Џанлуиџи нема да се врати во Серија А, барем не во блиска иднина. Тој е среќен во ПСЖ. Единствено останува да се договорат некои ситни детали.“ – вели агентот на Донарума, Енцо Рајола.
Со ова се става крај на шпекулациите дека Италијанецот ќе прави трансфер летово.