27.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

Агентот Рајола му го нуди Де Лихт на Реал Мадрид

Познатиот фудбалски агент Мино Рајола му го понудил дефанзивецот Матајс де Лихт на Реал Мадрид, шпекулираат некои шпански медиуми. Рајола најави дека има желба летово да продаде една своја ѕвезда во Реал, но многумина помислија дека тој мисли на Пол Погба.

Де Лихт не се снаоѓа најдобро во Јувентус, младиот холандски дефанзивец дојде кај Старата дама од Ајакс за 85 милиони евра. Со скромни 27 настапи за првиот тим на Бјанконерите, тој веќе се посомнева во својот долгорочен престој во клубот. Наводно Реал би се заинтересирал за него и во Де Лихт гледаат замена за капитенот Серхио Рамос. Договорот на Де Лихт со италијанскиот првак е до 2024 година, па тешко е да се поверува дека би се откажале од него само по една сезона, но ако на клупата остане Маурицио Сари, можеби Де Лихт ќе притиска да добие раскинување на договорот.

Освен Рамос, централни дефанзивци во Реал Мадрид се и Рафаел Варан и Едер Милитао, па и Начо. Рајола води разговори со „Лос бланкос“ и за резервниот голман Алфонс Ареола, кој е позајмен од Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести