9.8 C
Skopje
четврток, 30 октомври 2025

Агим Ибраими заедно со градоначалникот уверуваат дека Тетово ќе го добие еден од најубавите стадиони во Македонија

Легендата на македонскиот фудбал и член на Управниот одбор при Фудбалската федерација на Македонија, Агим Ибраими, изврши увид во работата на реконструкцијата на Градскиот стадион. Ибраими заедно со градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, се запознаа до каде е реконструкцијата на најголемиот фудбалски објект во Тетово.

Градоначалникот Касами изрази големо задоволство од фактот што има чест и задоволство заедно со Агим Ибраими да ги изврши овие тековни активности.

Ибраими е фудбалер кој фудбалската кариера ја започна токму на стадионот во Тетово и сега е сериозно инволвиран во овој процес на реновирање. Во реновирањето на стадионот во Тетово учевствува и ФФМ со донација на столчињата, покривот и ВИП ложата.

- Оглас -

Најнови вести