Нема пет од пет за Карик: Јунајтед се спаси од пораз во 96-тата минута (Видео)

Серијата од четири победи по ред за Манчестер јунајтед откако на тренерската позиција во клубот беше назначен Мајкл Карик заврши во Источен Лондон.

Црвените ѓаволи одиграа 1-1 на гостувањето кај Вест хем, но може да бидат задоволни со бодот бидејќи сè до 96-тата минута имаа негатива од 1-0.

Херој на Манчестер јунајтед беше словенечкиот репрезентативец Бенјамин Шешко, кој спречи прв пораз на Ѓаволите под водство на Карик.

Претходно Вест хем поведе преку Томаш Сучек во 50-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести