Агуеро имаше фантастична кариера, а со неговиот последен гол се опрости од фудбалот со стил (ВИДЕО)

Серхио Кун Агуеро навистина имаше фантастична фудбалска кариера.

Од настапите во Атлетико Мадрид како тинејџер, до блескавите партии во Манчестер сити, каде што го доби статусот легенда и можеби и најдобриот напаѓач надвор од Европа кој заиграл во Англија.

Во Барселона дојде со една цел, а таа е да игра со Лео Меси, но желбата не му се оствари.

Сепак, Кун се опрости со стил, иако никој не го предвидуваше тоа во тие моменти.

Неговиот последен гол во кариерата дојде против не кој било клуб, туку против Реал Мадрид во големото Ел Класико.

За волја на вистината, Барса го загуби тој меч со 2:1, а Аргентинецот барем за момент донесе ерупција од воодушевување на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести