Ајакс брзо најде замена за Де Лихт и заштеди 70 милиони евра

Холандскиот првак Ајакс брзо реагираше по продавањето на капитенот Матејс де Лихт. Клубот најде негова замена во името на Едсон Алварес, кој е репрезентативец на Мексико. Алварес доаѓа од тимот на Америка, а со Ајакс потпиша петгодишен договор. Според медиумите, трансфер сумата изнесува 15 милиони евра. Ако се знае дека Де Лихт во Јувентус замина за 75 милиони евра плус 10 милиони евра од бонусите, тоа значи дека замената на капитенот на Ајакс е дури 70 милиони евра поефтин.

Минатата сезона Алварес одигра 46 средби за Америка и иако игра дефанзивец, даде три гола, а се радуваше на титулата во Класура шампионатот. За националниот тим на Мексико има 28 меча и еден погодок.

- Оглас -

Најнови вести