Раководството на Барселона планира да го засили тимот на Ханси Флик најмалку со две сериозни засилувања во летниот преоден рок, при што главни приоритети се Алесандро Бастони и Хулијан Алварес. Паралелно, клубот разгледува и опција за замена за Маркус Рашфорд бидејќи шансите тој да остане на „Камп ноу“ се мали.
Според информациите, интересот е насочен кон крилото на ПСЖ – Бредли Баркола. Во Барселона би сакале Рашфорд да остане, но единствено прифатлива опција е нова позајмица, што Манчестер јунајтед веќе ја одбил. Тоа значително ги намалува шансите Англичанецот да продолжи во Каталонија.
Во меѓувреме, евентуалната достапност на Баркола може целосно да ги промени приоритетите на Каталонците. Доколку стане достапен на пазарот, тој би можело да стане главна цел за засилување на нападот. Интерес за него покажува и Ливерпул. Нејаснотијата околу неговиот нов договор отвора прашања за неговата иднина во ПСЖ.
Доколку Барселона ослободи доволно средства преку можни заминувања на Роберт Левандовски, Андреас Кристенсен и Марк-Андре тер Штеген, клубот би можело сериозно да влезе во трката за потписот на Баркола, кој одамна е на радарот на спортскиот директор Деко.
Иако неговите квалитети се високо ценети на „Камп ноу“, односите со неговиот агент Муса Сисоко може да претставуваат проблем. Тој беше клучна фигура и при заминувањето на Усман Дембеле во 2023 година.
Се смета дека сума од околу 80 милиони евра би можела да биде доволна за трансферот, но останува да се види дали Барселона ќе има финансиска моќ, со оглед дека приоритети остануваат доведување централен дефанзивец и класичен напаѓач.

