Ждрепката за Светското ракометно првенство 2027 ќе се одржи вечерва, од 18 часот во Минхен, а тоа значи дека Македонија уште вечерва ќе знае против кого ќе игра на Мундијалот во Германија.
Нашата селекција ја чека ждрепката од вториот шешир, што е одлична можност за добар резултат бидејќи од првата фаза по три репрезентации ќе продолжат во главната рунда.
Во првиот шешир се селекциите на Данска, Германија, Хрватска, Исланд, Португалија, Шведска, Египет и Аргентина, но јасно е дека нема да бидеме во една од двете групи во Штутгарт според распоредот кој го направи домаќинот.
Во вториот шешир освен Македонија, тука се и Франција, Словенија, Норвешка, Србија, Шпанија, Италија и Фарските Острови, што би значело дека против овие селекции не може да играме во иста група.
Можни ривали од третиот шешир ни се: Грција, Полска, Бразил, Катар, Тунис, Зеленортската Република, Чиле и САД, а сигурно дека Американците се најпосакуваниот ривал од оваа група на селекции.
Од најслабиот шешир Македонија може да игра против: Катар, Кувајт, Јапонија, Алжир, Ангола, Уругвај, Турција и Саудиска Арабија.
Како можни опции за град-домаќин каде би играла Македонија, во „игра“ се Минхен, Магдебург и Кил.


