Ајакс повторно е оној стариот, реди победи во Холандија

Победата од 2-1 на гостувањето кај НЕЦ Најмеген, потврди дека кризата кај Ајакс е минато.

За најтрофејниот холандски клуб кој на крајот на октомври беше во тешка ситуација и се наоѓаше зо зоната на испаѓање, ова е четврта победа во последните пет кола (имаа и едно реми во тој период), па Ајакс сега не само што не е загрозен од испаѓање, туку напредува кон местата кои носат излез на европска сцена.

Ако се погледнат само последните пет кола, само ПСВ има освоено повеќе бодови од Ајакс во холандската лига.

 

- Оглас -

Најнови вести