Ајакс рутинирано против Глазгов Ренџерс, „Блиц-криг“ на Спортинг во Франкфурт

Откако по првото полувреме имаа убедлива предност од 3:0, фудбалерите на Ајакс одиграа рутинирано второ против Глазгов Ренџерс, каде што постигнаа уште еден за конечни 4:0.

Покрај споменатите тројца фудбалери (Едсон Алварез 17′, Стивен Бергиус 32′, Мохамед Кудус 34′), по вторпат во листата на стрелците се запиша Стивен Бергвајн во 80-та минута.

Претходно, за гостите даде гол Борна Баришиќ и тоа атрактивен, но беше оправдано поништен поради офсајд.

Со оваа победа, тимот од Амстердам дојде до првите три бода во групата А, каде подоцна ќе се сретнат Наполи и Ливерпул.

Спортинг Лисабон, пак, со блескав втор дел, каде што постигна три погодоци го победи Ајнтрахт Франкфурт, откако по првиот дел беше 0:0.

Маркус Едвардс погоди во 65-та а две минути подоцна даде гол и Тринкао. Конечниот резултат беше дело на Нуно Сантош во 82-та минута. Очекувано, тимот од Португалија сега е лидер во групата Д, каде покрај Ајнтрахт се и Тотенхем и Олимпик Марсеј кои се среќаваат од 21 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести